Државниот архив е домаќин на 31. Конвенција на Меѓународниот центар за архивски истражувања (ИКАРУС), со седиште во Виена, што ќе се одржи од 8 до 10 ноември 2023 г., во Скопје и во Охрид. Темата на Конвенцијата е „Заедничко архивско наследство – заштита, достапност и дигитализација“, во чии рамки ќе бидат презентирани трудови од околу 60 архивски професионалци од Европа и пошироко.
ИКАРУС е Меѓународен центар за архивско истражување, кој ги поддржува архивите и сродните институции во предизвиците на дигиталната ера. Врз основа на принципот комплементарност и заемна поддршка членките на ИКАРУС заеднички се соочуваат низ новите задачи и предизвици.
Одржувањето на Конвенцијата е многу значајна за Државниот архив, бидејќи ќе бидат присутни значајни европски и светски архивисти од над 30 земји во светот, кои ќе ги пренесат сопствените искуства од архивистиката, како и нови сознанија за дигитализацијата на архивскиот материјал и зачувување на културното наследство.
Програмата на Конвенцијата е на следниот линк