ДУИ: Ги олеснивме и поедноставивме процедурите за добивање на државјанство

Сподели

 

Демократската Унија за Интеграција ги информира граѓаните за податоците од последните години во врска со законските и институционалните измени за добивање на државјанство во Република Северна Македонија, но исто така да ги разјасни неточните тврдења на албанската опозиција во врска со бројот на лица кои не поседуваат документ за државјанство.
 
Вистината за постапките за олеснување на стекнувањето државјанство во изминатите години е следната:
 
Во текот на 2004 година го изменивме Законот за државјанство, кој им овозможивме на нашите граѓани да добијат државјанство преку поседување на документ, без разлика дали станува збор за свидителство или сметка за електрична енергија, водоснабдување, греење или платена сметка до било која државна институција.
 
Во овој временски интервал го намаливме и периодот на престој во Република Северна Македонија како услов за добивање на државјанство.
Наместо граѓаните да чекаат 15 години, го намаливме овој временски период на само 8 години.
 
Четири години подоцна, или во текот на 2008 година, повторно интервениравме во Законот за државјанство.
 
Во тоа време создадовме можности да еден граѓанин кој не е осуден најмалку 1 година затвор, да може да аплицира и да стекне право за државјанство.
 
Во 2011 година повторно го изменивме Законот за државјанство. Ова им овозможи на граѓаните да можат да поднесат претставки пред Управниот суд ако сметаат дека министерството за Внатрешни работи неосновано ги одбило, односно го одбило нивното барање за стекнување со државјанство на Република Северна Македонија.
 
Во текот на 2016 година, Законот за државјанство беше повторно изменет, секогаш во корист на граѓаните кои во тоа време чекаа за државјанство.
 
Со оваа промена ги задолживме службените лица на министерството за Внатрешни работи поефикасно и побрзо да обезбедат докази за исполнување на условите за лицата кои чекаат државјанство.
 
Пред две години, односно во 2019 година, го усвоивме Законот за Агенцијата за национална безбедност, со кој ја реформиравме Управата за безбедност и контраразузнавање, што беше една од најголемите потешкотии за добивањето на државјанството.
 
Исто така, во оваа прилика, на инспекторите од Управата за безбедност им беа одземени овластувањата, додека новиот кадар на оваа институција беше избран преку процесот на Ветинг.
 
Сега, граѓаните што чекаат за државјанство имаат пристап до документацијата со податоците собрани и обработени за нив од страна на Управата за безбедност и контраразузнавање, за да можат точно да видат до каде е нивната постапка.
 
Конечно, би сакал уште еднаш да го објавам во јавноста реалниот број на лицата кои чекаат да им се обезбеди документ за државјанство.
 
Досега во постапка за стекнување со државјанство се 2.674 лица од кои помалку од половина се Албанци.
 
Следствено, од независноста на Република Северна Македонија, во последните 30 години, вкупно 43.321 Албанец се стекнале со државјанство и само 3.374 од нив се одбиени, се наведува во соопштението на ДУИ.