ДУИ со реакција до Филипче: Зибери има право на политичко изразување

Сподели

 

Д-р Арбен Зибери е кандидат за пратеник во првата изборна единица и како и секој друг има право да изразува политички ставови во предизборни кампањи заштитувајќи ја институцијата што ја води од какво било политичко инволвирање. Тој беше столб на Владата и Министерството за здравство во борбата против пандемијата и сите сме горди на неговата работа. Затоа, го замолуваме министерот Филипче да не се обиде да го негира правото на политичко изразување во предизборната кампања заради неговите партиски калкулаци – соопштуваат од ДУИ.