Програмата Млади во бизнис им овозможува на младите претприемачи пристап до финансии и деловно советување
- ЕБОР ја започна програмата за Млади во бизнис во Западен Балкан
- Обезбедени се15 милиони евра за Банка Интеса Белград и 500.000 евра за Ми-Боспо за кредитирање на мали компании раководени од млади
- Програмата ги таргетира празнините во пристап до финансии и пристап до техничка помош.
Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) ја започна програма Млади во бизнис на Западен Балкан со доделување заеми на Банка Интеса Белград и на микро-финансиската институција Ми-Боспо на свечен настан во Белград.
Банката обезбедува заем од 15 милиони евра на Банка Интеса Белград и заем од 500.000 евра на Ми-Боспо наменети за млади претприемачи. Партнерските финансиски институции, исто така, ќе имаат корист од техничка помош за подобра поддршка и одговор на потребите на нивниот млад пазарен сегмент.
ЕБОР се обврза да обезбеди 100 милиони евра за финансиските институции во шесте економии од Западен Балкан во следните пет години за поддршка на претприемништвото на младите. Овој најнов финансиски пакет го надополнува заемот од 4,5 милиони евра доделен на косовската Банка за бизнис (Banka për Biznes) во септември оваа година.
И покрај нивниот потенцијал за иновации, младите претприемачи продолжуваат да се соочуваат со потешкотии во пристап до кредитни линии и експертиза за да ги развијат своите бизниси. Програмата има за цел да ги реши овие пазарни празнини преку обезбедување на сеопфатен пакет финансиска и техничка помош за микро, мали и средни претпријатија (ММСП) раководени од млади.
Покрај финансии, програмата ќе се фокусира на младите сопственици на бизниси и менаџери, давајќи им пристап до приспособени советодавни услуги за да им помогне да развијат нови вештини, да ги подобрат деловните перформанси и да отклучат нови можности за раст. Советодавната помош е поддржана од владите на Шведска, преку Шведската агенција за меѓународна развојна соработка и Италија, преку Централно-европската иницијатива.
Пристапот до други нефинансиски можности за младите, вклучително и менторство, вмрежување и пристап до образовни ресурси, ја исполнува недоволно исцрпената потреба на пазарот и има за цел да изгради лидерски капацитети.
Франсис Малиж, Директор на Групата за финансиски институции на ЕБОР, рече: „Ги здружуваме силите со нашите партнерски финансиски институции за да го обезбедиме неопходното финансирање на младите претпријатија, за да можат да инвестираат во нови технологии, да ја зајакнат својата позиција на пазарот и да го остварат својот целосен потенцијал. Западен Балкан е регион преполн со млади таленти и воодушевени сме што ја поддржуваме следната генерација на одржливи, отпорни и влијателни бизниси“.
„Горди сме што сме првата комерцијална банка во Србија која ќе ја претстави програмата Млади во бизнис на локалниот пазар заедно со ЕБОР, нашиот долгогодишен партнер“, додаде Дарко Поповиќ, Претседател на Извршниот одбор на Банка Интеса Белград. „Денес потпишаниот дќе го зајакне нашиот капацитет да обезбедиме соодветна поддршка на овој стратешки важен, но и многу деликатен сегмент од економијата преку полесен пристап до финансии и знаење. Нашиот придонес ќе помогне да се создаде стимулативна средина за претприемништво, што е клучен двигател за вработување и долгорочен економски напредок“.
Сафет Хусиќ, Директор на Ми-Боспо рече: „Ми-Боспо е најстарата микро-кредитна организација во Босна и Херцеговина. Нашата мисија е трикратна: поддршка на економското зајакнување на жените, развој на претприемништвото и заштита на животната средина. Програмата Млади во бизнис ја поддржува оваа мисија и со нетрпение очекуваме да придонесеме во нејзиното успешно започнување. ЕБОР е еден од нашите многу важни партнери, со кого имаме успешна соработка од 2007 година преку кредитни линии и техничка помош“.
Донатори: Шведска, Италија, Централно-европска иницијатива