ЕП ВО РАКОМЕТ: Македонија вечерва игра против Црна Гора

Сподели

Македонската ракометна репрезентација вечерва во Загреб против Црна Гора ќе го игра својот втор натпревар на Европското првенство во Хрватска.

Македонија имаше успешен старт и победа над Словенија во саботата, па со евентуален триумф над Црногорците ќе обезбеди пласман во втората фаза.

Средбата Македонија – Црна Гора во „Арена Загреб“ почнува во 20 часот и 30 минути.

Во првиот натпревар од 2.коло во Ц-групата, од 18 часот играат Словенија и Германија.