Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека ќе продолжи чистењето на сите државни институции од „вирусот“ кој го предизвика обидот за државен удар во Турција. Ердоган ова го изјави на денешниот погреб на дел од убиените за време на пучот.

Тој додаде дека апсењата на оние кои, како што рече, „ги уништиле“ вооружените сили ќе бидат продолжени во сите редови на војската.

Турскиот претседател соопшти дека турското министерство за правда и за надворешни работи ќе упати пишано барање до САД и другите западни власти за испорака на следбениците на движењето на Ѓулен.

Во меѓувреме, Ердоган ги повика граѓаните да останат на градските плоштади.