“Евзони” остана затворен, возила чекаат во меѓуграничниот простор

Сподели

 

Рампите на граничниот премин Еврозни кон Грција изутринава останаа спуштени и покрај најавите дека по една година ќе се дозволи проток на македонски патници кон јужниот сосед. Од Грчката амбасада за Дојче веле велат дека чекаат официјално известување под кои услови и кога да се дозволи протокот на граѓани.

„Во моментов немаме никакво известување од кога ќе се отвори границата и под кои услови ќе се пропуштаат патниците. Евзони е се уште затворен и не знаеме кога ќе се отвори. Чекаме упатства, претпоставуваме дека во текот на денот ќе имаме повеќе информации“, велат од Грчката амбасада во Скопје. 

Во меѓувреме возила со македонски граѓани кои што поитале да ја преминат границата по најавите дека таа ќе биде отворена од изутринава, се заглавени во меѓуграничниот простор и чекаат да им биде дозволен влез.