ФАКТОР: Фирма на семејството Мукоски „растура“ на државни тендери, има ли спрега со политиката?

Сподели

 

Фирмата Атриум од Вевчани, сопственост на братот на пратеникот Крсто Мукоски, во изминатите неколку години од државата добила договори вредни повеќе од 4,3 милиони евра. Тендери добивала од министерства, државни претпријатија и општини. Па така, во периодот од 2013 година па досега склучени се договори со Министерството за образование, со Акционерското друштво за стопанисување со станбен и деловен простор, како и со општините Илинден и Гевгелија.

Од изградба на училишта, преку промена на покриви и тековно оддржување на објекти па се до молерофарбарски, парногреачки работи, како и работи за водовод –канализација и санитарија.

Само со Акционерското друштво за стопанисување со станбен и деловен простор, Атриум склучила договори во износ од 3,8 милиони евра. Последниот договор е склучен во јануари годинава, на износ од 1 милион евра за градежни работи на објекти во Струмица, во јуни минатата година склучен е договор за работи во Штип во износ од 630 илјади евра.  Во август 2015 година склучен е договор од 1 милион евра за градежни работи во Кочани, а следната година направен е и анекс на тој договор поради непредвидени работи, па сумата се зголемила за уште 45.000 евра.  Во 2014 година Акционерското друштво за стопанисување со станбен и деловен простор, има склучено уште два договори со Атриум од Вевчани, едниот на износ од близу 600 илјади евра, другиот на износ од 115 илјади евра. А договор вреден 430 илјади евра, со Атриум е склучен и во 2013 година.

Фирмата на братот на Мукоски градела и училишта

Според објавените договори, фирмата Атриум, градела и основни и средни училишта. Договор за оваа зделка е склучен со Министерството за образование. Сумата која што ја добила од овој договор изнесува 240 илјади евра.

Но, соработка имало и со општините. Па така со општина Илинден, Атриум од Вевчани склучила договор за изградба на објект дом на култура ,,Марино,,. Објектот требало да чини 163 илјади евра, и е склучен во април минатата година, а само неколку месеци подоцна излегле непредвидени работи, поради што се направил анекс на договорот за уште 25.600 евра.

Целото истражување на “Фактор” прочитајте го тука