Фатен крадец „на лице место“, сузбиена група што крадела од банкомати

Сподели

 

Полициски службеници од СВР Куманово и Одделот за криминалистичка полиција-Сектор за насилен криминал, во трговски центар во Куманово го приведоа А.М. (40)  од Косово при обид насилно да украде поголема сума пари од банкомат сместен во трговскиот центар.

По преземени дополнителни активности, во врска со ова кривично дело, на граничниот премин Јажинце приведени се три лица, сите од Косово.

Против приведените е поднесена кривична пријава до надлежното обвинителство во Куманово, а од страна на судија на претходна постапка им е одредена мерка притвор.