„Пред нас следи многу убав период околу новогодишните празници, меѓутоа ние имаме многу тешка година зад нас и искрено верувам дека следната ќе биде многу подобра. Сакам да апелирам да во вакви услови, ситуација кога епидемијата сериозно спласнува и се стабилизира, да не направиме ништо да истата сега се влоши. Апелирам да се празнува одговорно, во кругот на семејството, без групирање, со почитување на јасно пропишаните протоколи и мерки. Се покажа дека сите овие досегашни протоколи и мерки беа добро димензионирани и го дадоа резултатот, како што се очекуваше. Тие се димензионирани така да не се спречи слободното движење и работа имајќи предвид колку е тоа тешко за сите нас. Апелирам во следните две до три недели сите да бидеме крајно внимателни. Има некои позитивни придвижувања, ќе видиме дали е тоа почеток на крајот на епидемијата и затоа не смееме да ризикуваме уште еден силен бран“, изјави денеска министерот за здравство, ВенкоВФилипче.