Физиотерапевт Тричковски: Ќе сфатиме што нѝ се случува во ковид пандемијата, кога ќе заврши

Сподели

 

Физиотерапевтот Велимир Тричковски од Инфективната клиника по една година неуморна и посветена работа со пациентите заболени со Ковид, ја прими вакцината против коронавирусот и се чуствува добро.
 
„Ќе сфатиме што нѝ се случувало во ковид пандемијата, дури кога ќе заврши. 2020 беше тешка година за сите нас. Работа под голем стрес и притисок, непријатни случки, но и многу оздравени пациенти. Година која вреди како 10 во искуството, во работата, во напорот и која ја извади на површина човечноста, солидарноста и грижата едни за други.“- истакнува Велимир.
 
Поради работата која ја работи тој и сите негови колеги од ковид центрите, вакцината први ја примаат токму тие. Да ги заштитиме затоа што ни се најмногу потребни.
 
Се заблагодарувам на целиот медицински и немедицински персонал за професионалноста и стручноста. Ви благодарам што ниту во најтешките моменти не се откажавте. Заедно ќе излеземе победници од оваа пандемија!