Вести Став Ударни вести

ФРОДЕМ: ,,Мицковски (алијас Мицко Црвенковски) човекот со јанусово лице, рушител на вмровската идеологија”

 

“По изјавата на лидерот на ДПСМНЕ Мицковски (алијас Мицко Црвенковски) дека ,,се познава со лицето Александар Верушевски и дека тој е голем патриот”, ФРОДЕМ како дел од Коалицијата ,,Никогаш северна, само Македонија”, смета дека тој конечно откри која е неговата ,,домашна задача” како и неговото вистинско двојно лице, на кое може да му позавиди и богот Јанус.

Очигледно дека според Мицко Црвенковски критериум за голем патриот е снимањето и пуштање во јавност нелегално тајно снимени разговори. Ако се суди според овој ,,моментален” критериум на Мицко Црвенковски, можно е наредниве денови да очекуваме тој да ги прогласи за најголеми херои на денешницата неговите идоли Зоран Заев, Бранко Црвенковски и Зоран Верушевски кои со нелегално и тајно снимени разговори, досега на два пати ја рушеа извршната власт на државата предводена од ВМРО ДПМНЕ.

Доколку се има во предвид дека со свесното избегнување да се расчисти со криминалните структури во партијата, партиските мешетари и патриоти за полн џеб, на сите можни начини да се заштити бегалецот од Будимпешта и неговите братучеди, како и фактот дека во највисокото раководство и на кандидатските листи на сегашново ДПСМНЕ се наоѓаат и се повеќе се инфилтрираат многу блиски соработници на триото Заев-Верушевски-Црвенковски (како на пример Гога Јога, Бишевац, Каролина, Стеванџија, Илиовски и други знајни и незнајни доверашни непријатели на ВМРО ДПМНЕ) станува сосема јасно дека во финална фаза на реализација е тајната и долго спроведувана акција, ВМРО ДПМНЕ преку ДПСМНЕ да се трансформира во СДССМ-2. Првиот оперативец на таа операција е професорот Мицко Црвенковски докажан либерал наметнат на лидерската позиција на ВМРО ДПМНЕ кој свесно одработува за неговите браќа по идеологија социјалдемократи, а на штета на вмровците и татковината.

Затоа ФРОДЕМ како дел од Коалицијата ,,Никогаш северна, само Македонија” го охрабрува членството и симпатизерите на ВМРО ДПМНЕ, да го дигнат својот вмровски глас и да не подлегнуваат на оваа, по којзнае кој пат, нечесна и лична игра на првиот оперативец кој со своите постапки и дејствија успеа до непрепознатливост да го дезидеологизира ВМРО ДПМНЕ. Овој човек успеа за кратко време да се инфлитрира до највисоката позиција на партијата, да го амортизира незадоволството и револтот на национално ориентираното членство од промената на вековното име на нашата држава како да го подели и еден дел да го трансформира во ново вмровски либералидемократи и социјалдемократи. Финалето на тајната операција е во најкус можен рок да се зацврсти на власт Зоран Заев и неговите социјалдемократи.

Во овие тешки моменти за опстојување на државата и на се она што е македонско, потребно е храброст и одлучност да им се каже едно гласно ,,не” и ,,збогум” на лидерите со двојни и тројни улоги. Ако е и од устата на денешниот ново вмровско либералдемократски ,,бог” Јанус, премногу е”,- се наведува во соопштението на ФРОДЕМ.

Сподели: