„Газпром“ ја гради морската делница од гасоводот „Турски тек“

Сподели

„Газпром“ од руското крајбрежје на Црно Море ја почна изградбата на морскиот дел од гасоводот „Турски тек“, соопшти оваа компанија.

Пред неколку дена ова на средбата со рускиот претседател Владимир Путин го најаваи шефот на „Газпром“, Алексеј Милер. Русија во декември 2014 година, го обзнани проектот „Турски тек“ како замена за „Јужен тек“. Во еден период преговорите беа прекинати заради кризата во билатералните руско-турски односи.

По средбата во Санкт Петербург меѓу претседателите Владимир Путин и Реџеп Таип Ердоган во август минатата година повторно дојде до обновување на подготвителните работи на гасоводот.