Германскиот специјален претставник за Западен Балкан, Мануел Сарацин за време на денешната посета на Македонија ќе се сретне со вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ и со министерот за надворешни работи Бујар Османи.
Во фокусот на разговорите ќе бидат францускиот предлог и евроинтеграцискиот процес на Северна Македонија и состојбите во регионот, велат од Секретаријатот за европски прашања.