Со две победи во два дена, гостите од Белград тимот на ОК Партизан е победник на ревијалниот турнир по повод 75 години постоење на ОК Вардар.
Белградскиот состав во крајно возбудлив меч вечерва со 3-2 во сетови го победи славеникот ОК Вардар (20-25, 25-22, 19-25, 25-23 и 12-15) во СЦ Борис Трајковски во Скопје.
Нашиот тим на два пати се враќање резултатски во игра од негатива откако Паризан успеа да ги добие првиот и третиот сет.
Во решавачкиот петти сет, ОК Партизан беше поумешен во финишот и дојде до победа и триумф на јубилејот на „црвено-црните“.
Во вчерашниот меч ОК Партизан со 3-1 во сетови беше подобар од тимот на ОК Струмица 47.
Уште еднаш Честит јубилеј 75 години ОК Вардар и да се множат ваквите јубилеи, настани и успеси.
НАПРЕД ВАРДАР!!!
The post (Фото) Гостите од Белград победници на турнирот од јубилејот 75 години ОК Вардар! appeared first on Спорти.
Powered by WPeMatico