Градот Скопје апелира граѓаните да ги користат алтернативните приоди и сообраќајници за влез во градот, пред се поради големата реконструкција на булеварот Александар Македонски во општината Гази Баба, што е во тек.
Граѓаните можат во Скопје да пристапат преку скопската обиколница, на исклучувањето кај населбата Радишани, преку новиот булевар Христијан Тодоровски Карпош кон општина Чаир, како и на исклучувањата кај населбата Визбегово кон Момин Поток и населбата Волково кон општина Ѓорче Петров.
Во Скопје деновиве се одвива голема градежна офанзива за изградба и обнова на градските улици – се пробива улицата Есенинова, а се реконструираат улиците Македонско – косовска бригада, Лазар Личеноски, Џон Кенеди, Боца Иванова, Благоја Стефковски и Востаничка, како и булеварот Видое Смилевски Бато, соопштуваат од Град Скопје.