Пластичарската улица се реконструира со забрзано темпо. На оваа прометна сообраќајница градежни работи се изведуваат на потегот од клучката кај Бит-пазар до влезот во касарната „Илинден“, на вкупна должина од 1.440 метри.
Очекувањата се дека во април оваа година првата фаза од проширувањето на Пластичарска улица ќе биде готова и ќе добиеме современа сообраќајница која ќе има 4 сообраќајни ленти, велосипедска и пешачка патека и средишно зеленило каде што тоа го дозволува просторот – соопштија од Град Скопје.