Груевски до 8 ноември треба да се јави во затворот во Шутка

Сподели

Судот денеска му го врачи упатниот акт на Никола Груевски да се пријави на 8. ноември во затворот во Шутка, за отслужување на двегодишната затворска казна за „Тенк“.

Кривичен суд досега имаше неколку неуспешни обиди поканата да му ја врачи на Груевски, на домашна адреса, па затоа денеска пред да седне на обвинителна клупа за случајот „Траекторија“ го добил упатниот акт за затвор од судија за извршување на санкции.