Групна тужба против вонредната состојба прогласена од Трамп

Сподели

Во САД расте отпорот против плановите на американскиот претседател за изградба на ѕид на границата со Мексико. 16 сојузни држави поднесоа тужба против спорната одлука на Трамп за прогласување вонредна состојба, пренесува Дојче веле.

Во спорот околу прогласувањето на вонредна состојба од страна на  претседателот Доналд Трамп за изградбата на граничниот ѕид, 16 американски држави бараат правно разјаснување. Во нивната тужба поднесена до федералниот суд во Сан Франциско, постапките на Трамп се опишани како прекршување на Уставот на САД.

Американскиот претседател, против волјата на Конгресот и под изговор за наводна криза, ги прераспределил федералните фондови за изградба на ѕидот, стои во тужбата. Неговата одлука за прогласување национална вонредна состојба минатиот петок Трамп ја образложи со „инвазија” на дрога, шверцери на луѓе и криминални банди на мексиканската граница.

Во меѓувреме, пак, стотици противници на претседателот на САД, Доналд Трамп, се собраа  во Вашингтон да протестираат против неговото објавување на вонредна состојба. Демонстрантите пред Белата куќа донесоа транспаренти на кои е напишано „Трамп го корумпира уставот“ и „Повеќе не сакаме крал“.