Селекторот на англиската фудбалска репрезентација Рој Хоџсон поднесе оставка по поразот од Исланд во осминафиналето на Европското првенство 2017 во Франција со 1-2.
Тој по дуелот во Ница изјави дека неговите избраници не одиграле на нивото на кое можат да играат.
,,Не го покажавме нашиот потенцијал, а располагаме со квалитет поголем од постигнатите резултати на ова првенство.
,,Заминуваме дома многу порано од планираното и сметам дека е вистинско време на селекторското место да дојде лице кое ќе ја освежи репрезентацијата, изјави Рој Хоџсон.
И стручниот штаб на Англија го напуштаат и неговите помошници, Гери Невил и Реј Луингон.
Англија синоќа загуби од Исланд со 2:1 во последната осминафинална пресметка на ЕУРО 2016, а викинзите во четвртфиналето ќе играат против домаќинот Франција.
The post Хоџсон поднесе оставка по срамниот пораз од Исланд! appeared first on Спорти.
Source: Sporty