Халите на некогашната фабрика „Фрижидерка“, кои со години се заборавени, изминативе три дена беа место на голем број дебати и уметнички дела. 11. издание на фестивалот АКТО и организаторите Гилип Јовановски Ивана Васева и Билјаната Тануровска – Ќулафковски, таму собра уметници, културни работници, музичари, продуценти, теоретичари и од земјава и од Србија, Хрватска и Словенија, кои во своите средини и пошироко се ангажирани општествено да влијаат преку уметничките проекти што ги работат. Како дел на програмата МОФ ја организираше конференцијата за општествен активизам насловена како Engage@Akto, објави А1.он.
Вниманието на странците го привлече изложбата на фотографиите од Шарената Револуција „Второ лице еднина“ на македонските фотографи Ванчо Џамбаски, Кети Талевска, Роберт Атанасовски, Томислав Георгиев и Елена Фиданска, направени за време на протестите во Скопје и дугите градови.
Се одржа конференцијата „И уметниците се работници“, на која македонските учесници Златко Теодосиевски, Сања Арсовска и Милан Живковиќ дебатираа со учесниците од Словенија, при што стана очигледна огромната разлика на нивото на борба за правата на културните раотници. Додека во Македонија тие повеќе се намалуваат и се уништуваат и оние што постоеле, во Словенија се бараат начини да се подобрат веќе постоечките услови за работа на уметниците.
Целиот настан проследете го тука