Интернационален фестивал за класична гитара „Тремоло“ 2018

Сподели

Детскиот културен центар – Карпош и Град Скопје од 3-6 мај 2018 година, го организираат интернационалниот фестивал за класична гитара „Тремоло“.

Овој интернационален фестивал, кој по деветти пат се одржува во Скопје, е натпревар за класична гитара во сите ученички, средношколски и студентски категории, како и мастер часови.

Оваа година членови на жирито се светски познатите гитаристи: Никола Монтела од Италија, Зоран Аниќ од Хрватска, Џевдет Сахатчија од Косово, Николај Михајлов од Бугарија, а претставници во комисијата од Македонија се: Дарко Багески, Борче Наумовски и Љубомир Наќески.

На задоволство на скопската публика ќе се одржат  три  концерти  во Музејот на Македонската борба-Скопје на 3. мај од 20 часот, МКЦ – Клуб &Ресторан на 4.мај од 21 часот и во „Културно информативниот центар“-КИЦ во Салон 19,19 на 5. мај од 20 часот.

На 6. мај ќе се одржи концерт  на победниците по категории на натпреварот во Концертната сала на ДКЦ „Карпош“ во 18,30 часот, каде што воедно ќе се доделуваат наградите и признанијата на учесниците.

ПРОГРАМА – 3 мај 2018  (четврток), Отворање на Фестивалот со Никола Монтела – Италија, Музеј на Македонската борба-Скопје  од 20 часот

4 мај 2018  (петок), Џез Трио „Кабадаја“ – Македонија, МКЦ-  Клуб &Ресторант од 21 часот

 5 мај  2018 (сабота), ДУО „Мучкалица“ – Србија, Зоран Аниќ и Ненад Љубеновиќ, Салон 19,19- КИЦ од 20 часот

 6 мај 2018 (недела), Концерт на победници по категории  – класична гитара, „ДКЦ-Карпош“  од 18,30 часот

Влезот  за сите концерти е бесплатен. 

Со успешната реализација на фестивалот „Тремоло“, ДКЦ Карпош дава поттик и поддршка за развивање и унапредување на овој вид уметност во Република Македонија.