По сублимирањето на гласовите од гласањето за нов шеф на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, Комисијата за избори соопшти дека најмногу гласови, 66, доби Ислам Абази.
Од Комисијата наведоа дека во рок од 7 дена Ислам Абази треба да биде именуван за шеф на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.
Ова е прв ваков избор на шеф на ОЈО ГОКК по измените на Законот за јавни обвинители, каде согласно член 66, основен јавен обвинител на ОЈО ГОКК се избира од страна на Советот на јавни обвинители по спроведено гласање од страна на сите јавни обвинители во земјава.