Избегната несреќа при посетата на Тереза Меј во Белгија

Сподели

 

Двајца полицајци на мотоцикли, кои биле дел од конвојот на премиерите на Британија и Белгија, се повредени кога на нив налетал автомобил, но најверојатно станува збор за несреќен случај, наведуваат белгиските медиуми.

Во конвојот на патот од гробишатата Сен Симфоријен каде британската премиерка Тереза Меј била заедно со белгискиот премиер Шарл Мишел, кои се враќале од церемонијата на полагање венец на спомениците на британските војници кои загинале во Првата светска војна, непознато возило влетало во конвојот обезбедувано од белгиската полиција.

Премиерите Меј и Мишелне не се повредени.