ИЗЈАВИ: АТАНАС КИРОВСКИ

Сподели

atanas-kirovski_thumb_medium500_281

“Никола Груевски вчера уште еднаш ги подели македонските граѓани на негови, и оние другите. Овој пат поделбата ја изведе кај оние кои помагаат во поплавените подрачја и тоа во проценти каде што 70-80% биле од ВМРО. Толку од апелот на власта да не се политизира несреќата на луѓето. Тоа беше нивната ПР стратегија првите 3-4 дена, за да се амортизира одговорноста, (Не било време за таков муабет, сега е важно да се помогне) за потоа веднаш да почнат со хиперагресивна медиумска кампања колку лидерот помага, кородинира, наредува, за на крај да се изведе заклучокот дека главно ВМРО помага- а дека другите се стока. Груевски никогаш ништо не го интересира освен ПР и проценти на поддршка. Затоа и вчера зборуваше во проценти. А Заев е непоправливо наивен, како да не живее во Македонија, кога првите денови се фати во замката на ПР-от, и се приклучи во апелот дека не е време да се бара одговорноста за смртта на 22 луѓе -туку да се помага. Сега откако проврте спинот, и откако на ВМРО тоа им одговара, нема веќе проблем темата да се политизира ( кај ВМРО нема нешто неполитичко) и нивниот лидер вчера тоа најбрутално и го испорача. Чудо едно колку нема осет за стратегија Заев, и постојано битките ги води на терен и во тајминг што го диктира Груевски.”