„Очекувам во Македонија демократските процеси да се одвиваат во согласност со Уставот, Деловникот и законите на државата. Тоа значи новоизбраниот претседател на Собранието да ги добие печатите, неговиот избор да биде објавен во Службен весник и потоа да испрати писмо до претседателот Ѓорге Иванов да го даде мандатот за формирање нова влада. Тоа се работите кои ги сака секој нормален човек во нашата Македонија“.
„Република Македонија нема да биде двонационална држава, таа ќе си остане таква каква што е. Никој нема да налага туѓи интереси. Во однос на таканаречената тиранска платформа, таму се работи само за преговори меѓу политичките партии за формирање влада. Се што ќе прави владата ќе биде во интерес на сите граѓани и на Република Македонија.