ИЗЛОЖБА: „Егзит 2017 – Поврзување на континентот“ (“Exit 2017 – Connecting the Continent”) 

Сподели

Изложбата „Егзит 2017 – Поврзување на континентот“ на уметничката група Егзит од Јужна Кореја, ќе биде отворена на 4. април, во 11:30 часот, во Националната установа центар за култура „Ацо Ѓорчев“ во Неготино.

На изложбата ќе бидат претставени дела од следните автори: Гиљце Цонг, Донграк Сон, Иксонг Џин, Инсук Риу, Јунтек Са, Кјусан Ли, Лој Ким, Миџонг Ли, Сангу Хан, Санјонг Ли, Чанглим Ли и Џијан Мун.​​​​​​​​​​​​​​​​​​​​

Групата Exit е формирана во градот Ченгчу, во 2010 година, и во неа покрај основачите, секоја година кон изложбите се приклучуваат различни членови, а исто така покануваат и гости од странство. Изложуваат по 2 пати годишно, еднаш во Кореја, еднаш во странство. Во својот прв каталог ја цитираат мислата на Фрида Кало “Се надевам дека Излезот носи задоволство, и се надевам дека никогаш нема да се вратам”, што го појаснува значењето и поводот за избор на нивното име.

Изложбата премиерно беше претставена во MC Gallery во Њујорк, на почетокот на 2016 година, а македонската публика имаше можност да ги види делата на овие автори во текот на месец август 2016 во Националната галерија на Македонија, во објектот Мала станица, заедно со делата на повеќе македонски автори, кои беа дел од изложбата „Патување“, а потоа и на претставувањето на изложбата во Домот на култура „Иван Мазов-Климе“ во Кавадарци, во март 2017.