Јанева во Обвинителството врши увид во доказите за „Рекет“

Сподели

 

Катица Јанева денска пристигна во Обвинителството каде што ќе врши увид во доказите за случајот „Рекет“. Таа пристигна со полициска придружба од затворот Шутка, каде што одлежува продолжен притвор како третоосомничена во овој случај.

Катица Јанева пред два дена беше повикана во ОЈО да даде исказ по однос на обвинението за истрагата во „Рекет“ која е веќе завршена. Во својата одбрана Јанева има ангажирано двајца адвокати, Ирена Фрчкоска и Дељо Кадиев.

На 20-ти овој месец, адвокатскиот тим на Јанева понуди три недвижни имоти како гаранција за затворскиот притвор да и биде заменет со домашен, но обвинителката Вилма Русковска даде негативно мислење по истиот.

Вчера увид во доказите вршеше Бојан Јовановски – Боки 13, првоосомничен во случајот.

Се очекува по увидот изјава да дадат нејзините адвокати.