ЦГК: Јавните набавки во 2022 со учество на една фирма

Сподели

 

Според ЦГК, клучните наоди од истражувањето се дека „Секој трет договор за јавна набавка во 2022 година е склучен во постапка во која учествувала само една фирма. Станува збор за 9.305 договори, во вкупна вредност од 26 милијарди денари (427 милиони евра)“.

 

 

Оттаму посочуваат дека „просечниот број понуди по тендер во 2022 година изнесува 3, што укажува на намалување на конкуренцијата во однос на 2021“. Информираат дека „90 % од мониторираните тендери се спроведени подоцна од рокот кој бил предвиден во плановите за јавни набавки, а поништени се 31% од постапките за јавни набавки“.

Истражувањето поажало дека „низ нетранспарентната постапка со преговарање без објавување оглас се склучени договори во вредност од 31 милион евра, што е намалување за 30% во однос на претходната година, а се намалува и бројот на жалби од фирмите кои во 2022 година до Државната комисија за жалби по јавните набавки поднеле 751 жалба, што е за 34% помалку од претходната година“.

„93% од фирмите сметаат дека на електронските аукции се постигнуваат нереални цени и се занемарува квалитетот, а 54 % од фирмите признаваат дека постои меѓусебно договарање на тендерите“ се вели во извештајот на ЦГК.

Речиси половина од компаниите сметаат дека има корупција во јавните набавки. 18% лично се соочиле со корупција на тендерите, а 64% од анкетираните компании сметаат дека врските се најчест облик на корупција.

Целосниот извештај можете да го најдете на следниов ЛИНК.