И втора година по ред ја освои шампионската титула во Турскиот кошаркарски шампионат, но тоа не беше доволно да ја задржи тренерската функција во клубот по што доби отказ.
Поранешниот селектор на Србија и играч на Партизан, Александар Џорџевиќ е на пресврт во кариерата.
Веќе подолго време се шпекулира која е неговата следна станица, а последните информации велат дека за него е заинтересиран шпанскиот гигант.
Според тамошните медиуми, легендарниот Сале би можел да го преземе Реал Мадрид.
Тренерот на „кралевите“ Пабло Ласо неодамна доживеа срцев удар, тој не го води тимот во финалето на АЦБ лигата против Барселона, а многу е можно да ја напушти клупата на Мадрид на крајот на сезоната.
Покрај Џорџевиќ, како кандидат за клупата на мадридскиот гигант се споменува и поранешниот тренер на Партизан, а сега стратег на Баерн, Андреа Тринкиери.
Џорџевиќ играше за Реал Мадрид од 1999 до 2002 година и со Мадрид ја освои титулата шампион на Шпанија.
The post КАКОВ ПРЕСВРТ! Доби отказ од турскиот шампион, а сега седнува на клупата на најтрофејниот клуб во Европа! appeared first on Спорти.
Powered by WPeMatico