Кина поради опасност од радијација ги забрани скенерите со х-зраци

Сподели

kina

ПЕКИНГ (АА) – На одредени места во Кина, како што се аеродромите и метро-станиците, донесена е забрана за употреба на скенерите со x-зраци поради радијација, јавува Anadolu Agency (AA).

Министерството за заштита на животната средина на Кина нареди да се забрани употребата на скенерите со x-зраци, кои се користат за проверка на аеродромите и метро-станиците во јужниот дел на државата, во покраината Сечуан.

Министерството испрати писмена наредба до единицата за заштита на животната средина во покраината Сечуан. Во наредбата се вели дека се прекинува производството, продажбата и употребата на овие апарати, освен ако за тоа има посебна дозвола. Оваа наредба доаѓа откако неколку патници во градот Чингду се пожалија на ризик од радијација.

Единицата за заштита на животната средина во покраината побара да се повлечат овие апарати од употреба и да се истражи оваа тема.

Од друга страна пак, министерството во своите истражувања откри дека негативните дејства врз човековото тело од овие апарати е минимално, но поради густото население во Кина и интензивните патувања, одлучи дека овие скен-апарати не се соодветни за користење на аеродромите и метро-станиците.

Нема информација за тоа со каков апарат ќе бидат заменети овие скенери.