Кина: Тајфунот Хаима негативно се одрази на животот на над 1,5 милиони луѓе

Сподели

Економската загуба се проценува на 517 милиони долари, а евакуирани се околу 700.000 лица

tajfun-kina

ПЕКИНГ (АА) – Тајфунот Хаима во Кина негативно се одрази на живот на над 1,5 милиони лица, јавува Anadolu Agency (AA).

Управата за цивилни работи на Гуангдонг соопшти дека бурата и врнежите предизвикани со тајфунот Хаима негативно влијаеле на 1.660.000 лица во покраината Гуангдонг, на јужниот дел од Кина.

Официјалните лица наведуваат дека тајфунот предизвикал штета на 2.749 станбени објекти, но и на 178.000 хектари обработлива површина. Економската загуба се проценува на 517 милиони долари. Во оваа покраина немаше човечки жртви, а во склоп на превентивните мерки, евакуирани се околу 700.000 лица. Обезбедна е основна хуманитарна помош.

Локалното население претходно беше предупредено на можноста за поплави и свлечишта предизвикани со зголеменото ниво на вода во браните.