Коѕијас на средби со Димитров, Заев и Џафери

Сподели

Позициите на Скопје и Атина по меѓусебната размена на нацрт-договори за решавање на прашањето за името ќе бидат тема на средбата. Се очекува, како што соопшти МНР, разговорите на министрите Димитров и Коѕијас да бидат во контекст на напорите за надминување на разликита околу името, како и на други билатерални прашања од заеднички интерес, со акцент на имплементацијата на мерките за градење доверба.

Двајцата министрите потоа ќе одржат заедничка прес-конференција.

За време на престојот во Македонија Коѕијас ќе биде примен и од претседателот на Собранието Талат Џафери, премиерот Зоран Заев, како и од заменикот претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бујар Османи.

Шефот на грчката дипломатија вчера со владин авион пристигна на скопскиот аеродром, во прва посета на земјата по неговото преименување во Меѓународен аеродром Скопје, како една од отстапките на македонската Влада во процесот на преговорите за името. Ова е првпат по 12 години грчки авион да слета на скопскиот аеродром.

Најспорни точки меѓу Атина и Скопје се грчкото барање за промена на македонскиот Устав, спектарот на употреба на новото име, но и идентитетот.