„Лет со умот кон папокот на универзумот“ од Љубомир Грбевски

Сподели

 

Во скопската градска кафеана „Пелистер“ во петок, на 5 јули, во 12 часот ќе се одржи промоција на книгата „Лет со умот кон папакот на универзумот“ од Љубомир Грбевски – Џери, во рамките на манифестацијата „Скопско лето“.

Книгата содржи три драмски текста: „Лет со умот кон папокот на универзумот“, „Здодевна бајка“ и „Шумско востание“.

 

 

Промотор на книгата е Стево Дренковски, а музичката поддршка на настанот ќе биде одЈаков Дренковски.

Ова е четврта книга на авторот Љубомир Грбевски, кој е новинар, поет и драмски автор, роден во Скопје. Пишува поезија и пиеси за тинејџерска популација, како и рок поезија за возрасни.