Макрон го назначи Едуард Филип, за нов премиер на Франција

Сподели

Генералниот секретар на Елисејската палата, Алексис Колер, соопшти дека функцијата привремен премиер на Франција ќе ја извршува Едуард Филип, јавува Anadolu Agency (AA).

Колер во соопштението од Елисејската палата истакна дека Едуард Филип е поставен за премиер на Франција.

Адвокатот Филип (46), по потекло e од Руан. Toј претходно бил член на социјалистичката партија, а во моментов е пратеник во Националното собрание од Републиканската партија, која е централно десно ориентирана. Едуард Филип утре треба да му го претстави составот на новата влада на претседателот Макрон, а се очекува првиот состанок на новиот кабинет под претседателство на Макрон да се случи в среда.

Поставувањето на Филип за нов премиер на Франција, централно десно ориентиран политичар, се смета како чекор за приближување на Макрон кон централната десница пред парламентарните избори во Франција, кои се закажани за 11 и 18 јуни оваа година, со цел да го добие потребното мнозинство. Едуард Филип е дел од екипата на поранешниот премиер на земјата, Ален Жупе.