Денеска во организација на РСБСП, во хотелот „Холидеј Ин“ во Скопје, ќе се одржи Третата
меѓународна конференција „Унапредување на безбедноста во сообраќајот на патиштата“.
Низ презентации на научно-стручни трудови и стручна литература, бројни реномирани домашни и странски експерти од областа на сообраќајот ќе разменат искуства и добри практики на теми кои гиопфаќаат безбедноста на сообраќајот и на учесниците во сообраќајот на патиштата, сообраќајното инженерство и проектирањето, интелигентните транспортни системи и новите технологии, сообраќајната политика и регулативите, националната и меѓународната соработка и многу други теми во функција на подобрување на безбедноста во сообраќајот на патиштата.