Меѓународната федерација на новинари бара ослободување на Зоран Божиновски

Сподели

megunarodna-federacija-na-novinari-860x658

Меѓународната федерација на новинарите, на нејзиниот 29. Светски конгрес, кој се одржа од 7 до 10 јуни во францускиот град Ангерс, усвои итна резолуција предложена од Здружението на новинарите на Македонија, со која се осудуваат македонските власти за апсењето на новинарот Зоран Божиновски.

„Истакнуваме дека апсењето на новинарите за наводни кривични дела без никакви факти и докази, не е практика во слободни и демократски земји. Ваквите обвинувања придонесуваат за дискредитирање на новинарите како предавници и криминалци со цел да се наруши нивната доверба во јавноста“ се вели во резолуцијата.

Светскиот конгрес на МФН го обврзува новиот претседател, белгискиот новинар, Филип Лерут, итно да ги повика македонските власти, МВР, Кривичниот суд во Скопје и македонскиот обвинител, веднаш да го ослободат Божиновски.

МФН изрази целосна поддршка за новинарот Божиновски и на напорите на ЗНМ за заштита на слободата на медиумите и на правата на новинарите.

Меѓународната федерација на новинари бара ослободување на Зоран Божиновски