Мицкоски: Во 13 часот нов скандал за криминалот на власта

Сподели

Претседателот на ВМРО – ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на својот фејсбук-профил најави дека во 13 часот ќе објави нов скандал за криминалот на власта. Тој вели дека вистинското лице на власта е она кое е полно со скандали и неработа.

„Тој канцер метастазира. Животот дојде само за неколкумина, додека сите други го живеат тешкото секојдневие. Денеска ќе објавам нов скандал за начините и методите по кои работи власта, за тоа како само со неколку потписи и постапки се вртат милионски суми и како се користат функциите дадени од граѓаните за лични бизниси и енормни заработки. Следете ме во 13 часот“, објави Мицкоски на „Фејсбук“.