МВР 24 часовен Билтен

Сподели

На 23/24.05.2024 од страна на полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје постапено е по план на СВР Скопје, при што извршена е контрола во повеќе угостителски објекти. При тоа лишени од слобода се девет лица, кај кои била пронајдена дрога. При преглед кај К.Л. (31), П.З. (31) и Б.Д. (30) пронајдена е бела прашкаста материја, кај Г.Џ. (30), Л.М. (22), Ж.Ј.(33), А.Ш. (27) и А.Н. (22) пронајдена е марихуана, а кај А.Б. (24) пронајдена е дробилка со марихуана. При контролата е извршено легитимирање и преглед на 59 лица и пет патнички возила.

На 24.05.2024 во 20.15 часот во СВР Скопје, 23-годишна жена пријавила дека околу 17.00 часот на подрачјето на Гази Баба, била физички нападната од нејзиниот невенчан сопруг Б.У. (26) од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

На 24.05.2024 во 10,00 часот во село Крива Круша, општина Чашка, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со оружје при СВР Велес од Н.М.(42)  од истото село одзеле ловна пушка која ја поседувал без дозвола. Известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 24.05.2024 во 09.30 часот на место викано „Црници“, во атар на село Степанци, општина Чашка, од полициски службеници од СВР Велес  биле затекнати И.Ш.(64) и Е.А.(33), двајцата од Прилеп, кои пренесувале дрва без соодветна документација за тоа. Од нив било одземено патничко возило „лада“ без регистарски ознаки, натоварено со дрва, и две моторни пили. По документирање на настанот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

На 24.05.2024 во 17.30 часот во Полициска станица Велес В.И.(25) од Чашка пријавил дека на улица „Андон Шурков“ во Велес бил каснат од куче скитник.

На 24.05.2024 во 14.15 часот во Полициската станица Бит Пазар, М.А.(50) од Скопје пријавила дека од домот се оддалечила нејзината ќерка М.А.(14), која и претходно се оддалечувала од домот и била враќана назад. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

На 24.05.2024 од 08 до 14 часот, на подрачјето на СВР Охрид полициските службеници затекнале и санкционирале 49 возачи кои управувале возило со брзина поголема од дозволената (Охрид-10, Струга-20, Кичево- 19).

На 24.05.2024 во 10.00 часот во  СВР Скопје, В.Ѓ.(21) од с.Катланово, општина Петровец, пријавил дека околу 09.50 часот додека бил на своето работно место на бензинска станица во с.Петровец, по претходно недоразбирање, бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Денеска (25.05.2024) во 03.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Бит Пазар настанал пожар во патничко возило „фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на  А.Ц.(27) од Скопје. Повредени лица нема. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Денеска (25.05.2024) во 04.26 во СВР Штип било пријавено дека на ул.„Генерал Михајло Апостолски“ во Штип настанал пожар во куќа сопственост на С.Н.(50) и М.Д.(72). Пожарот бил изгаснат од Територијалната противпожарна единица Штип. Повредени лица нема. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.

 На 24.05.2024 во 16.30 часот во Полициската станица Гази Баба, Ф.Е.(47) од с.Трубарево, скопско пријавил дека од домот се оддалечил неговиот син А.Е.(13) кој и претходно се оддалечувал од домот и бил враќан назад. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

На 24.05.2024 во 11.00 часот полициски службеници од Полициската станица Валандово го лишиле од слобода К.А.(33) од валандовско, по претходна пријава дека околу 10.00 часот во домот упатувал закани кон неговите родители и агресивно се однесувал, а кај него била пронајдена и одземена прашкаста материја. Известен бил јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.