На 19 Меѓународна јуниорска олимпијада по природни науки (IJSO 2022), која се одржа од 2 до 12 декември 2022 година во Богота, Колумбија, на која Македонија со свои ученици учествува од 2017, тимот од Македонија освои 4 бронзени медали, и тоа:
• Искра Нечаковска, ученичка во СОУ Гимназија „Јосип Броз Тито“- Битола,
• Теона Ана Георгиевска, ученичка во прва година во ПСУ „Јахја Кемал“ – Скопје,
• Даниел Христов, ученик во прва година во СОУ „Славчо Стојменски“ – Штип,
• Михаил Шапчески, ученик во прва година во ПСУ „Јахја Кемал“- Скопје.
На олимпијадата успешно се претставија и учениците
• Марко Серафимовски, ученик во прва година во ПСУ „Јахја Кемал“- Скопје и
• Олег Трајковски, ученик во прва година во СОУ Гимназија „Јосип Броз Тито“ – Битола.
Друштвото на физичарите на Република Македонија (ДФРМ), кое во соработка со Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија (СХТМ) и Македонското биолошко друштво (МБД) им го честитаат големиот успех на учениците и се заблагодарува на сите оние кои дадоа придонес во организацијата на општинските, регионалните и државните натпревари по физика, хемија и биологија, на двата селекциони натпревари преку кои беше избран тимот. Покрај тоа, им благодари на сите колеги од Институтите за физика, хемија и биологија кои одвоија значителен дел од своето слободно време и го посветија на подготовките кои се организираа од почетокот на септември до крајот на ноември во просториите на ПМФ Скопје.
Ја користиме приликата да се за бонтинуитет ја подржуваат нашата работа, како и на оние без кои патувањето во Богота и плаќањето на котизацијата за учество немаше да биде можно, а тоа се:
Семејствата на олимпијците, Агенцијата за млади и спорт ( опшествено одговорните компании и лица:
МАКО МАРКЕТ ДОО Скопје, ПИ ВИТАМИНКА АД Прилеп, ПЕКАБЕСКО АД Кадино Илинден,ПРО ТРАНС ДИСПЕЧ ДОО Друштво за производство трговија и услуги увоз-извоз, ИНТЕРВОРКС ДООЕЛ БИТОЛА, Битола
С И Е Р НА МАКЕДОНИЈА СКОПЈЕ – СП ПРИ АД ЕЛЕМ РЕК БИТОЛА
ИНДУСТРИЈА ЗА ТЕКСТИЛ ЕАМ, Штип АД ЕВРОПА, Скопје
Г-ѓа ЗОРИЦА ЈОВАНОВСКА, како и на водачите на олимпискиот тим: проф. д-р Боце Митревски од ДФРМ, проф, д-р Методија Најдоски од СХТМ и м-р Лозенка Иванова од МБД.