Напад на лекар или здравствен работник, ќе се смета како напад врз службено лице

Сподели

 

“Напад или посегнување по животот на лекар или здравствен работник, за првпат, ќе се смета како напад врз службено лице”, изјави министерот за здравство Венко Филипче.

“Присилба, загрозување на сигурност на лекари и здравствени работници ќе станат посебни кривични дела, кои ќе бидат внесени во измените на Кривичниот закон. Во истиот закон како кривично дело ќе се внесе и спречување на лекарите и здравствените работници во вршење службено дејствие.

На овие законски измени неколку месеци работевме заедно со Лекарската комора и Министерството за правда. Лекарите и здравствените работници ја вршат најхуманата работа на светот и секој од нас треба да биде свесен за улогата која ја имаат. Понекогаш во нивната работа постојат предизвици кои не се во нивни домен и не можат да ги надминат, но тоа не значи дека треба животот да им биде доведен во ризик.

Почитувањето меѓу лекарите, здравствените работници и пациентите е взаемно”, информираше министерот Филипче.