Насер Ајдари нов уставен судија

Сподели

Собранието на денешната пленарна седница го избра судијата Насер Ајдари за судија во Уставниот суд. Ајдари беше изгласан со 62 пратеници „за“, без против и воздржани и 22 пратеници „за“ од немнозинските заедници.

За предлогот Ајдари да биде уставен судија немаше пријавени пратеници за расправа.

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, потенцирашe дека по изборот за уставен судија, на Ајдари престанува да му важи јавната функција и членувањето во политичка партија.

Собранието денеска избра и двајца членови на Советот на Јавни обвинители. За Ангеле Илиевски и Ангел Солев гласаа 59 пратеници „за“ и 1 воздржан.