Национална галерија на Македонија: Изложба на фотографии од Феликс Надар

Сподели

Четириесетина најдобри портрети на францускиот фотограф со светска слава, Феликс Надар (1820-1910) ќе бидат претставени пред македонската публика во Националната галерија на Македонија, објект Мала станица, на 06.декември.

Помеѓу портретите е и оној на Сара Бернар, Александар Дима, Клод Дебиси, Шарл Бодлер, Жорж Санд, Жак Офенбах, Емил Зола, Жив Верн и уште дететина големи имиња од крајот на 19 и почетокот на 20 век.

Изложбата е во заедничка организација на Францускиот институт во Скопје и Националната галерија на Македонија, благодарение на престижниот Jeu de Paume вo Париз, во соработка со Медијатеката за архитектура и културно наследство и Министерството за култура на Франција.
Гаспар-Феликс Турнашон, познат под псевдонимот НАДАР, е роден во Париз на 6 април 1820 година. Работел како фотограф, карикатурист, новинар и писател.