Oвен
Амбициите ви растат. Вашиот ентузијазам ќе биде силно изразен доколку сега почнувате со нов проект. Доколку чувствувате монотонија во работата која долго ја работите, ова не е време да правите промени од корен. Можна е соработка со некој од вашата фамилија како и патување кон крајот на неделата. Не се нервирајте за работи на кои не можете да влијаете. Не ги вложувајте парите и бидете внимателни доколку сакате да купите недвижнини. Ако можете – одложете. Платете ги заостанатите сметки.
Емотивно, ќе имате контакт со личност од вашето минато. Во случај да не реагирате на интересирањето на таа личност, секако за време на викендот ќе имате прилика за ново познанство. Личноста која се интересира за вас е високо репрезентативна.
Бик
Некакви промени се нагласуваат изминативе недели. Во текот на оваа и идната недела, ќе се расчисти некоја неизвесност. Тоа значи дека и вашите финансии ќе се стабилизираат. Работата подразбира дека ќе бидете повеќе во движење или патување – било за работа или до подалечно работно место. Внимавајте со кого се здружувате или што потпишувате. Многумина ќе размислуваат за почеток на приватен бизнис, но за сега само собирајте информации.
Не ги запоставувајте пријателите и семејството заради работата. Место не ве држи во овој период. Саканата личност има доста замерки кон вас кои се оправдани. Вклучете го партнерот во делот од вашите активности за да го смирите.
Близнаци
Многу предизвици. Најдобро е да се повлечете и не влегувате во вложувања со ризик. Колку и да ве оптеретуваат парите, со моменталните промени нема ништо да решите. Напната ви е комуникацијата со колегите. Посветете се на некои активности кои сте ги запоставиле. Добро би било да контактирате со некои поранешни соработници. Тоа може да се покаже како добар потез до крајот на овој месец.
Кај слободните, едно позанство може да се претвори во нешто поголемо. Можен е и некој контакт од минатото. Ќе се изненадите од вашата реакција. Зафатените, имаат потреба да ги искажат своите чувства.
Рак
Ситуациите се менуваат и бараат од вас интелектуално да се ангажирате. Тоа нема да ви биде тешко. Од четврток имате идеи кои многу брзо можете да ги материјализирате. Кој повеќето, финансиската состојба се зголемува. Сепак, внимавајте на парите и што потпишувате. Секако, можете да сметате на нечија подршка. Внимавајте на млади и премногу амбициозни личности кои сметаат дека сте им конкуренција па можеби и да ве саботираат.
И на емотивното поле ве очекува збрка. Проблеми со старите љубови и новите познанства. Го привлекувате погледот на креативните и физички привлечни личности.
Лав
Требаше подобро да се организирате за да ги завршите сите обврски кои се пред вас. Време е нешто да менувате во вашиот пристап. Можеби нешто ќе се искомплицира, доколку соработувате со странци. Бидете мудри. Сепак, нешто почнува да се менува во вашата деловна средина, но засега е тоа на ниво на разговори. Вие добивате на вредност. Поволен период, доколку се занимавате со приватна работа. Имате подршка од некого, можно е ширење на деловните активности.
Во овој период, насочете се на конкретни цели зошто само така ќе го надминете овој напорен период за вас.
Девица
За вас, ова е период во кој треба да ги избегнувате непотребните ризици. Најдете се во активностите, каде се чувствувате сигурни. Креативниот момент е нагласен па така ќе воведете некои новини во работата. Финансиите се подобруваат. Успех им следи на тие кои работат со трговија. Избегнивајте соработки со роднини и внимавајте за кои пријатели ќе се жртвувате во овој период.
Интересни познанства се врзани со вашето работно место. Може ве интересира зафатена личност која живее во друг град. Личност од минатото може да почне да ве малтретира, но вие имате тактика во таков случај. Уживате во флерт и вниманието кое го добивате од спротивниот пол, без разлика дали сте заинтересирани или не.
Вага
По периодот во кој бевте пасивни, се појавуваат нови предизвици. Вие ја гледате вашата шанса. Колегите ви префрлаат дека сте невнимателни и арогантни а вие всушност сте замислени. Внимавајте на тие ситуации. Бидте внимателни со финансиските трансакции и не ви се советува да земете поголеми заеми или кредити. Некое планирано патување можете да го одложите. Секако нема да ви биде лошо, затоа што набрзо работите доаѓаат на свое место.
Емотивниот дел во овој период е во осцилации. А вие не сте знак кој присакува толку возбудувања. Преку пријатели или во нивно друштво, ќе запознаете некого кој ќе ви привлече внимание.
Скорпија
Едноставно, успевате да шармирате и манипулирате со луѓето кои се на деловната сцена. Ќе посредувате со упех во некоја работа. На крајот од неделата ви претстојат неочекувани деловни понуди. Нема да имате многу време да реагирате. Искористете ги можностите кои ви се нудат. Ова може да биде врзано со луѓе од други места или со странци. Во овој период не почнувајте со сопствен бизнис и не вложувајте пари. Време е и другите да работат за вас.
Потполно сте субјективни кога во прашање е љубовта. Слободните сакаат по секоја цена да влезат во врска со личност која на некој начин не е адекватна. Но добро – морате да го истерате своето.
Стрелец
Давате и добивате добри совети во овој период. Просперитетот е можен кај поголемиот дел на припадниците на овој знак. Поволен период доколку соработувате со странци или работите во некој голем колектив, каде ќе дојдете до израз. Вашите креативни идеи и предлози ќе наидат на одобрување од колегите. Можеби ќе ви понудат проект на кој можете добро да заработите или пак, хонорарна работа. Секако, финансиите ви се подобруваат.
Токму кога помисливте дека сте заборавиле една личност и дека е време да продолжите понатаму, таа повторно се враќа во вашиот живот. Време е да го дефинирате тој однос и да го поставите на свое место. Ако сакате нешто ново, тоа сигурно ќе биде некој кој доста патува или моментално работи на некое усовршување.
Јарец
Изненадени ќе бидете од добрите деловни контакти, како на вас да чекаат на секој чекор, оваа работна недела. Поволни ви се контактите со личности кои се на висока позиција а нешто можете да решите и преку приватни контакти. Контролирајте ја импулсивноста и користете ги сите свои ресурси. Можеби веднаш не ја гледате перспективата на некои деловни работи кои сега ги почнувате, но тие секако ќе вродат со плод. Не е поволен период за купување на автомобил. Внимавајте добро што потпишувате.
Пријатен емотивен период. Нови познанства и флертови нема да ви недостасуваат. Сепак, тешко дека ќе се одличите за влегување во подолга врска. Крајот на неделат ви носи многу страсти.
Водолија
Некој кого го позанате, доаѓа на позиција од која може да ви помогне. Ќе се наоѓате во друштво на луѓе кои се на високи функции или кои се перспективни. Здружување со другите ви е приоритет во овој период. Можете многу да научите од постарите или од поискусните колеги. Не си дозволувате да повторите некоја грешка, затоа што можете да бидете казнети. Исто така внимавајте, на кого што му кажувате. Не ви се сите колеги добронамерни. Постои потенцијал дека до крајот на неделата ќе ги зголемите финансиите. Ова е посебно поволен период за тие кои работат сопствен бизнис или работат со странци.
Емотивните средби се врзани со места каде што вие сакате да излагате. Исто така, на едно деловно патување можеби сосем случајно ќе сретнете некој кој ќе ве заинтересира.
Риби
Имате чувство дека ја губите контролата над многу работи. Нешто се комплицира, совет – не реагирајте брзо. Оставете работите да легнат и да помине малку време за да можете да ја видите целата слика. Ова е посебно нагласено кај тие кои работат во странски фирми или соработуваат со странци. Внимавајте и што потпишувате, затоа што можат нешто да ви подметнат. Доколку имате партнер во работата, ова не период да ги реорганизирате односите или работата. Стрпете се. Ова ви е поволен период да ги наплатите некои стари побарувања. Ќе почне да ви се исплатува нешто што досега го работевте.
Нови познанства се случуваат на места на кои се чувствувате пријатно. Личноста со која стапувате во контакт, неодамна има завршено со некоја врска.