Овен
Планирате подобрување на интериерот во домот, а за тоа ќе очекувате подршка од целото семејство. За жал сите ќе се оправдаат со некои свои обврски, така да на работа ќе мора да се препуштите самите. Не се грижете ќе имате доволно енергија да направите голема работа. Наградата нема да изостанe. Ќе ги обновите контактите со некои луѓе и ќе успеете да воспоставите нови релации со личности од минатото. Со малку тактичност и дипломатија ќе го постигнете посакуваното.
Во емотивната врска работите се поставени онака како што вие посакувате, не претерувајте со барањата можете повеќе да изгубите. Ќе имате мали недоразбирања со некои членови од семејството, потребен ви е компромис или едноставно побегнете од ситуацијата. Слободните ќе треба повеќе да се потрудат околу љубовниот живот и изборот на партнер.
Бик
Тешкотии во комуникациите ќе имате се помалку. Подобрување очекувајте на секој план. Ќе бидете добро расположени, а добро ќе се снаоѓате со претпоставените. Сеуште може да ве погоди некој мал стрес, но без некоја голема тежина. Добро ви се аспектирани долгорочните планови и големите купо-продажби. Добро би било ако на ова поле посветите повеќе внимание. Амбициозните потфати исто така ќе бидат успешни. Вашите способности, особено кога е во прашање започнување на некој потфат ќе дојдат до полн израз.
Ќе успеете да воспостават контакт со личност која одамна не сте ја виделе, а не сте престанале да мислите на неа. Претставниците во сериозните врски ќе имаат прекрасен период со многу моменти на нежност и разбирање.
Близнаци
Потребна ви е голема волја и енергија да вложувате за да можете да ги завршите работите навреме. Многу работа, недоразбирања со колегите и претпоставените, ќе бидат главна карактеристика во овој период. Бидете потолеранти и не навлегувате во ситници и непотребни расправии. Не превземајте ништо и едноставно оставете ги работите сами на себе. Ќе бидете многу чуствителни на надворешните влијанија и туѓите мислења. Во една таква состојба лесно можете да се загубите. Некои од вас ќе бидат окупирани со нови идеи. Од некого ќе добиете корисен совет или ќе бидете личност која ќе треба да помогне на другите.
Емоционално сте во поволна ситуација но ќе треба да му посветите повеќе внимание на вашиот партнер. Бидете потолерантни, бидејќи расправиите во моментот можат многу лошо да делуваат врз вашата врска.
Рак
Ќе бидете во извонредна форма, која мора на секој начин да ја искористите. Ве очекуваат навистина убави и интересни авантури, кои од некоја причина, ќе сакате да ги избегнете. На работното место ќе забележите значителна предност пред вашите соработници. Ќе доминираат вашата оригиналност и висока стручност што ќе ви овозможат да добиете некое признание на кое нема да обрнете некое поголемо внимание. Во комуникациите ќе бидете помалку колебливи, а како ќе се развиваат контактите ќе зависи од вашето однесување.
Ќе доживеете многу радост во дружењето со пријателите. Можеби ќе запознаете нови личности кои подоцна ќе ви бидат многу важни како на професионален план така и на емотивен. Минатото е поминато не се оптеретувајте со тоа мислете повеќе на иднината и она што го носи новиот ден. Посветете повеќе внимание на пратнерот, не дозволувајте да се почуствува запоставен.
Лав
Внимавајте на настаните кои се случуваат во вашата блиска околина и сторете нешто да не ве затекнат и вас. Во комуникациите имате напредок, периодот ви е одличен за склопување на пријателства како деловни така и приватни. Во потрега за некои нови хоризонти, или проширување на сегашните ќе се обидете да отпатувате некаде каде што до сега не сте биле. Ќе имате прилика да се покажете во јавноста и да се докажете со своите квалитети. Ќе имате повеќе енергија и за стекнување на нови знаења што би користело на претставниците кои се школуваат. Финансиската ситуација нема многу да ве радува, но нека не ве загрижува тоа, бидејќи набрзо ќе се поправи.
Потрудете се повеќе време да му посветите на семејството и на вашите најблиски. Одделете повеќе време за партнерот и не давајте и на саканата личност причина за сомнеж во вашата љубов ако сакате да ја зачувате врската.
Девица
Најдобро за вас неделава е да ги оставите плановите и проектите кои би ви донеле брза заработувачка на страна. Периодот не е поволен за таков вид на работа. Посветете и се повеќе на тековната работата и можете да очекувате големи успеси, вие го заслужувате тоа. Ќе доживеете големо разочарување од лице на кое сте му се довериле. Тоа може скапо да ве чини, па би било добро да си го чувате грбот. Избегнувајте средби со вашите претпоставени колку што можете и намалете ги активностите во јавноста. Некои од вас ќе се почуствуваат осамено и многу тешко ќе наоѓаат истомисленици, па на тој начин ќе бидат оневозножени во своите настојувања.
Ви треба партнер кој моментално ќе ја разбе вашата состојба и ќе ви помогне во проблемите кои ве засегнуваат. Бидете претпазливи особено ако сте во брак, бидејќи непредвидливоста на вашите постапки може скапо да ве чини.
Вага
Ќе бидете вознемирени поради моменталните настани и ќе делувате конфузно, така да вашите објаснувања пред соработниците ќе звучат неубедливо. Нема причина да ризикувате прифатете некоја поскромна понуда. Во моментот најважно е да ги смирите вашите мисли и чуства, но и да го задржите достоинството пред личноста која добро ве познава. Не му се доверувајте на секого, одбирајте ги луѓето со кои сакате да бидете поотворени, а можеби и да поделите некоја тајна. Најдете го вистинското решение. Финансиската состојба не ве загрижува, па повеќето од вас ќе си дозволат и трошење, можеби и купување на невжни работи.
Ве очекува вистинска бура. Настаните ќе се менуваат брзо, а вие тешко ќе можете да се снајдете така што поради невнимание можен е прекин со партнерот. Односите во семејството нема многу да ве радуваат, ќе мора да бидете потрпеливи за да ги избегнете расправиите.
Скорпија
Ќе бидете оптимистички расположени и ќе размислувате за крупни планови. Од вас извира огромна енергија која мора паметно да ја искористите. Коментарите за вас што ќе ги слушнете од околината воопшто нема да ве засегнуваат. Вие си ја гледате вашата работа и продолжете така. Имате доволно енергија за започнување на нова работна задача, ве очекува период во кој слободно можете да се впуштите во нова трговска зделка или пак да се јавите како посредник во некои деловни преговори. Оние кои се занимаваат со интелектуална работа, посебно со пишување, ќе имаат голема инспирација за творење.
Ве очекува просечен љубовен период, без некои поголеми возбудувања. Многу сте емоционални и фокусирани на вашиот партнер. Дружете се повеќе со пријателите и почнете да размислувате за своите животни цели и внатерешни мотивации. Слободните ќе зрачат со магнетска привлвлечност. Имате големи прилики неделава да ја најдите вистинската лижност за вас.
Стрелец
Иако ќе работите напорно, ќе бидете полни со енергија и мошне задоволни со себе. Ќе се занимавате со работи кои во целина ве задоволуваат. Работните пропусти кои сте ги направиле и не се така големи за да прифатите нечија казна или остра критика. Обидете се вашите соработници да ги прифатат релните објаснувања и моменталните услови кои делуваат на заедничкиот успех. Нема да ви се допаѓа нечија улога во деловните средби, но вие не треба да се оптеретувате со проценки на туѓите способности и вредности. Добро размислете и почекајте вистината да исплива на површина. Држете до позитивен став во деловните сортаботки.
Ви недостасува трпение, а на вашиот партнер храброст да се соочи со заедничките проблеми. Смирете ги заедничките страсти. Се обидувате да одложите една средба, но тоа е само привремено решение. Соочувањето со вистината ви носи психолошко олеснување.
Јарец
Ќе бидете свртени кон работата, филозофски теми и патувања, па приватниот живот помалку ќе го запоставите. Моментално се наоѓате во извесна дилема. Двоумењето се однеусва на работата или пак некое патување. Бидејќи со успех ќе ги совладувате препреките при крајот на неделата очекувајте подобриување на расположението. Среќата оди во ваша насока, така што некои работи кои сете ги посакале од поодамна можат да станат реалност. Односите со пријателите се добри се додека нивното мислење не се спротистави на вашето. Бидете повеќе самокритични и размислете повеќе за вашите ставови, не мора секогаш вие да бидете во право.
Вашиот сомнеж би можел да го наруши добриот однос со партнерот. Потрудете се да ги надминете безпричинските караници со саканата личност. Желбата да промените нешто ограничете ја на сопствениот изглед. Купете си нешто ново или сторете нешто со вашата фризура.
Водолија
Ситуацијата на работното место ви е прилично заплеткана. Бидете пофлексибилни така полесно ќе стигнете до целта. Решението ќе го најдите ако ја надмините расеаноста и се потрудите проблемите да ги решавате посмирено. Некои работи што во минатиот период ве измачувале неделава од нив ќе се ослободите, па со голема недеж ќе гледате за понатаму. За тоа имате доволно оправдани причини, бидејќи за тоа на време сте се избориле. Финансиската состојба значително ќе ви се подобри и тоа повеќето од најнеочекуваните извори.
Една мала криза ќе го расипи вашето расположение, па ако планирате средба со партнерот од која многу очекувате, воздржете се и одложете, се разбира ако не е многу тешко да го направите направи. Ако сте во брак, уживајте во секој убав момент што ви го овозможува вашиот брачен другар, зошто тоа е негов начин да ви искаже љубов и почит. Возвратете колку што сте во можност
Риби
Ќе бидете многу чуствителни на зборовите кои ќе ги слушнете од околината. Некои од вас таквата ситуација ќе ги збуни. Можеби ќе добиете и по некој корисен совет од повозрасна личност. Прифатете го без предрасуди. Не се расплинувајте на неважни работи, особено не на измислени здраствени проблеми. Обидете се повеќе да се концентрирате и да се посветите на работата, бидејќи доста сте заостанале со се и сешто, а тоа би можело да предизвика бес кај вашиот шеф или пак членовите од семејството.
Многуте проблеми како и недостаток на вистинска прилика, ќе ги сведи вашите љубовни шанси на минимум. Сепак ако имате некоја тајна авантура или сте скришно заљубени, вашиот внатрешен живот ќе биде богат и потполно ќе ве исполни