Невреме во Преспанскиот регион – фотографии и видео

Сподели

 

Силно невреме го погоди Преспанскиот регион алармираат од Центарот за управување со кризи.

„Силно невреме со дожд и ветер го зафати с.Крани и автокампот „Крани“, како и Претор и Наколец. Од невремето има паднати дрвја, бандери и во прекин е и електричната енергија. Во автокампот има паднати дрвја врз камп приколки и истите се оштетени. Луѓето кои престојувале во нив се згрижени кај соседите. Нема повредени“, соопштија од ЦУК.

Од невремето зафатени се и селата Долно Дупени, Сливница, Брајчино и Љубојно.

Во село Љубојно има паднати дрвја од кои има оштетена куќа и автомобил, а во село Наколец паднато дрво го препречило локалниот пат кон ова село.

Сите овие села: Долно Дупени, Крани, Сливница, Претор, Љубојно, Наколец се без струја.

На терен се испратени припадници на МВР ПС Ресен и ТППЕ – Ресен кои работат на расчистување на патот. Известени се ЕЛС – Ресен и останатите надлежни институции.

Граѓаните од овој регион на социјалните прежи споделуваат низа фотографии и видеа од невремето. Во продолжение е едно такво видео, кое на својот Фејсбук профил го објави режисерот Јане Бојаџи.

 

https://www.facebook.com/jani.bojadzi/videos/10217187270265479/

 

Исто така на фб профилот на групата Мојата Преспа објавени се фотографии од невремето во Преспа, поточно во Крани.