“Укинувањето на патните трошоци за пратениците е изборно ветување на #СДСМ и наша програмска определба.
За да дадеме пример, да бидеме оние од кои оваа иницијатива тргнува во пракса, вчера заедно со Зоран Заев, ги потпишавме изјавите со кои јас и тој, официјално се откажуваме од средствата кои ни следуваат на имe на патни трошоци.
Ги охрабрувам колегите од сите партии да го следат овој чекор. Да дадеме мал придонес во насочување на што повеќе пари кај граѓаните, кај оние на кои им се најпотребни” – објави на својот фб профил, генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски.