Николовски: Ревизорот откри сомнителни 3 милиони евра за чистење канали

Сподели

ljupco-nikolovski

Власта на Груевски не само што делела и исплаќала субвенции на сомнителен начин, туку и огромни суми пари преку програмата за рурален развој на сомнителен начин завршувале кај фирми и лица за чистење канали, изјави на денешната прес-конференција Љупчо Николовски, член на Извршниот одбор на СДСМ.

– Вкупната исплатена сума на овој начин, што ја наведува ревизорот во најновиот извештај е близу 3 милиони евра. Скандалозно е што парите за наводно исчистени канали ги добивале лица или фирми, само врз осова на барање и документација, без притоа овластени контролори на Платежната агенција да ја проверат на терен фактичката состојба и да направат и достават Записник! Ревизорот јасно констатира дека не се вршеле контроли и пред одобрување на барањата што е нова можност за злоупотреби – едно да е наведено во барањето, друга да е ситуацијата на терен. Она што е дополнително скандалозно е што нема евиденција колку пати биле одобрувани пари за еден проект од програмата за рурален развој– вели Николовски.

Од СДСМ бараат надлежните институции веднаш да отворат истрага по наодите на ревизорот и да се открие во чии џебови и сметки завршиле околу 3 милиони евра пари на граѓаните.

meta.mk