НПГ од ВМРО ДПМНЕ со длабока загриженост ја следи ситуацијата со Корона вирусот и ширењето на Ковид19. Инситуциите се на ниво на задачата и се надеваме дека ова ќе го победиме што побрзо.
Чувствуваме одговорност да понудиме една идеја за помош.
Апелираме до Министерот Венко Филипче, да иницира да се отвори донаторска сметка, од која средствата ќе се наменат за помош кадешто ќе се процени дека е потребно од кризниот штаб.
За поголем успех во таа акција предлагаме
1. Сите вршители на функции да одвојат по минимум 3000 денари и да ги донираат, иако се надеваме дека ќе бидат и повеќе
2. Секој поединец којшто сака да биде дел да донира колку што му се можностите и да и помогнеме на нашата држава во борбата
3. Посебно се обраќаме до фирмите и компаниите кои не се погодени од оваа ситуација, исто така да ни се придружат
Очекуваме брз одговор и нашите мисли се со граѓаните и им порачуваме да ги следат сите препораки за превенција и да бидеме смирени и одговорни.