Скандалозното непостапување на Марко Зврлевски кој ја зароби правната држава се покажа на дело со извештајот на ОЛАФ, Европската агенција за борба против корупцијата, по што е покренато обвинение против фирмата Актор за перење пари и проневера при изградбата на автопатот Демир Капија – Смоквица.
СДСМ уште во 2014 година објави дека постои сериозен сомнеж за криминални активности поврзани токму со изградбата на автопатот Демир Капија – Смоквица.
Скоро 3 години не постои никаква правна разрешница на овој случај во Македонија токму заради блокираните институции и непостапувањето на Марко Зврлевски.
Јасно е зошто ВМРО-ДПМНЕ го штити Зврлевски, но јасно е и зошто Зврлевски мора да ја напушти фунцкијата којашто ја злоупотребуваше со години.
Правдата и правната држава ќе се вратат и тоа е најголемиот страв на криминалното раководство на ВМРО ДПМНЕ, на Марко Зврлевски и на Никола Груевски.
Ќе има правна одговорност за сите злоупотреби направени преку институциите на системот и за сите злоупотреби направени со пари на граѓаните!